Новата Концепцијата за основно образование ќе создаде едуцирани и одговорни граѓани

од Берта Китинска
258 прегледи

Владата даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование.

Во нејзина подготовка беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

Како што соопшти владината прес-служба, во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

„Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН“,соопштија од  Владата.

Слични содржини