Повеќе од една година коронавирусот е присутен кај светската популација, но сепак не престанува да изненадува. Секојдневно учиме за вирусот САРС-КоВ-2 и токму кога мислиме дека сме совладале многу, ново истражување не демантира.
Нешто слично се случи во Шведска, каде беше утврдено дека мутација се случила кај пет дена старо бебе кое се родило заразено со коронавирусот.
Имено, кај бремена жена од Малме се појавила силна болка и со сомневање дека е заразена со коронавирус итно е пренесена во болница. На првиот преглед кај бебето бил пронајден низок пулс, што укажува на тоа дека не добива доволно кислород.
Бебето било родено со итен царски рез, а тестовите потврдија ниска сатурација на кислород, додека брисевите од грлото потврдија дека и мајката и бебето се заразени со коронавирус.
– Моите колеги и јас откривме дека вирусниот геном кај мајката и бебето е идентичен. Бидејќи бебето било изолирано од мајката веднаш по царскиот рез и не стапило во контакт со другите членови на семејството, резултатите потврдиле дека било заразено пред раѓањето – изјавил доктор од шведската болница.
Неколку дена подоцна, генетското секвенционирање покажа дека вирусот кај бебето се променил и дека тој всушност бил мутирана верзија на оригиналниот вид на вирусот, кој бил присутен кај мајката.
Колку што е познато, ова е прв случај на генетска промена на коронавирусот во уникатно опкружување, односно пренесување од мајка на фетус пред раѓањето, пишува Sciencealert.
Иако е вообичаено вирусите да мутираат, оваа мутација се случила само пет дена по раѓањето на бебето.
– Генетските промени можеби се стимулирани од фактот дека бебето стапило во контакт со надворешниот свет, надвор од матката. Но, беше изненадувачки колку брзо се случи мутацијата – објасни лекарот.
Резултатите, исто така, укажаа на промени во плацентата. Половина од ткивото беше оштетено. Протеин на коронавирусот е пронајден од страната на мајката на палцентата, но и од страната на бебето.
Новата мајка брзо се опорави од инфекцијата со корона, и беше пуштена од болница четири дена по породувањето. Бебето било задржано затоа што е родено порано, но развило антитела против короната и немала никакви симптоми или проблеми по раѓањето.
Според лекарите, сопствениот имунолошки систем на бебето го неутрализирал вирусот.