Брачен пар од Битола се вратил од Занзибар заразен со коронавирус

од Берта Китинска
166 прегледи

Брачен пар од Битола кои патувале во Занзибар, Африка се позитивни на ковид-19.

Според информациите што ги објавија медиумите, тие симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враѓањето во земјава. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената  во Скопје.

По земените мостри анализите во МАНУ ќе треба да докажат дали е присутен јужноафриканскиот сој на коронавирусот.