Денеска починаа 5 лица како последица од компликации со ковид 19
Четри пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Според информациите на министерството за здравство денеска се оздравени 314 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.