Петковски за гласањето доверба на Владата: Мудар потег на Заев, ВМРО-ДПМНЕ се изненадени

од Nikola Popovski
304 прегледи

„Мислам дека неколку фактори влијаеја на барањето на премиерот Заев за гласање за доверба на Владата. Мислам дека ова е мудар потег. Сепак имаше неколку турбуленции последниов период, како што беа преговорите со Бугарија, но и опозицијата која нон-стоп ја напаѓа владата и ги оспоруваше сите нивни политики. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека Владата го изгубила мнозинството. Во прилог им одеше и што две-три партии од заедничката коалиција најави самостојно дејствување во Собранието“, вели претседателот на НДСП, Тито Петковски за емисијата „24 анализа“.

Тој изјави дека опозицијата сега законски не може да побара интерпелација барем во следните 6 месеци.

„Премиерот ги пресретна некако со овој потег“, рече Петковски за најголемата опозициска партија.

Слични содржини