308
Откако попладнево во Собранието, на барање на премиерот, Зоран Заев, беше изгласана доверба на Владата, тој уште еднаш на социјалните мрежи потврди дека владејачкото мнозинство е стабилно и истото се зголемува со тенденција.
„Мнозинство од пратениците во Собранието ѝ изгласа доверба на Владата.
Ја расчистивме маглата, се соочивме со реалноста.
Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.
Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција“, стои во фејсбук објавата на премиерот Заев.