Д-р Гњатовиќ дава одговор на прашањето кога треба да се направи тест за присуство на антитела

од Stefanija Kuzmanovska
811 прегледи

Се смета дека нивото на антитела од класа lgC на ковид-19 достигнува максимум помеѓу 30 и 40 дена по појавата на првите симптоми, но исто така се случува нивото на антитела шест месеци по инфекцијата да биде двојно повисоко отколку што било еден месец или два по инфекцијата, вели Марија Гњатовиќ, истражувач од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП), во интервју за медиумите.

– Зголемувањето на вредноста на антителата од класата IgG, која покажува дека вирусот е прележан, се објаснува со фактот дека ковид-19 и тоа како е присутен кај популацијата, па доаѓа до повторна изложеност на вирусот, од прилика како да примате повеќе дози на вакцина. Бидејќи вашето тело веќе создало антитела и мемориски клетки, во нов контакт со вирусот, сите овие механизми се активираат и се појавува ново производство на антитела, а вие не развивате симптоми. Токму тоа се очекува од вакцината – нагласува Гњатовиќ.

Таа напоменува дека повеќето луѓе создаваат добар одговор на инфекцијата, која трае една година или подолго, нагласувајќи дека тоа во голема мера зависи од количината на вирусот на која бил изложен пациентот.

– Антителата кај природни инфекции почнуваат да се формираат приближно две недели по првите симптоми, кога ќе се појави IgM класа на антитела. Една недела подоцна, IgG антителата почнуваат да се синтетизираат. Еден месец по првите симптоми на инфекција, треба да се проверат обете класи и да се следи IgM, бидејќи ако таа класа на антитела остане во телото долго време, тоа многу често укажува на тоа дека има некои депоа на вирусот – предупредува Гњатовиќ.

Исто така посочува дека граничната вредност на антителата е 15 единици, така што сè што е над тој број, како што вели, се смета за позитивен наод и некаква заштита од вирусот.

Додава дека вредноста на антителата кај природните инфекции достигнува 120 единици, а по вакцинацијата дури и 140.

Слични содржини