МВР: Казнети 165 возачи, од кои 28 за брзо возење

од Берта Китинска
185 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје изречени се 165 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 21 санкција за возење без возачка дозвола,10 санкции за управување под дејство на алкохол…
Изречени се 12 санкции за користење на мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила, соопштија од МВР.

Слични содржини