Починаа 9 лица од корона, вкупно 3.185 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека уште 9 лица ја загубија битката со коронавирусот.

Од нив, 4 пациенти се од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Слични содржини