Заев: Со Мицкоски оваа работа за широка влада не бива

од Берта Китинска
483 прегледи

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека останува на ставот за широка Влада, но лидерот на  Мицкоски тоа не може да се реализира.

„Јас останувам на ставот за широка Влада, но со Мицкоски оваа работа не бива.Пораката е до сите. Примери ни се германскиот и швајцарскиот модел. Ние треба да се сплотиме, треба да ја департизираме администрацијата, клиентелизмот исто така да го отстраниме кој е присутен и во администрацијата и во правосудството. Испратив порака да се направи максимум за нашиот народ, целта е искрена и доблест е да се сподели честа, со која можеме да направиме подобро за нашата земја“