Заев за пристапните преговори: Со посветена работа, резултатите сигурно ќе дојдат

од Nikola Popovski
341 прегледи

Осврнувајќи се на одложувањето на првата Меѓувладина конференција за официјално започнување на пристапните преговори, премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата нагласи дека Владата покажа одважност да се соочи со предизвиците, со посветена работа резултатите сигурно ќе дојдат, а прашањето со Бугарија се надминува со политички и дипломатски напори.

„Агенда: Европа дома” е нашиот искрен влог во европската агенда како наша суштинска определба. Европеизацијата на македонското општество не смее да чека, а нашиот план за завршните процеси за оваа наша агенда очекуваме да ни донесе исто толку позитивен извештај и за оваа 2021 година. Јас само сакам да нагласам дека таа се надоврзува на досието на Северна Македонија во Брисел кое е кристално чисто според извештајот за 2020 година, со безусловна препорака за старт на преговорите. И за тоа македонските граѓани треба да се горди”, подвлече премиерот Заев.

На прес-конференцијата беше информирано дека документот „Агенда: Европа дома” во својата реализација се потпира на новата структура на Методологијата за пристапување кон ЕУ, односно на кластерот Темели, а при изработката се консултирани најдобрите европски практики со сите земји членки и од нив има безрезервна поддршка. Акцентот, со конкретни задачи, надлежни институции и рокови е ставен на изборните реформи, на правосудството, на борбата против корупцијата и организираниот криминал, на темелните човекови права, на реформи во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата на јавната администрација. Поради важноста на животната средина и климатските промени, не само во националниот контекст, туку и согласно Зелената агенда за Западен Балкан на ЕУ, вклучени се приоритетни цели и активности и за оваа област.

Слични содржини