Имунизација со Спутник V: Објавено колку лица ќе бидат вакцинирани во текот на денот

од Nikola Popovski
241 прегледи

Утринава започна вакцинацијата против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник V“. Според здравствената установа „Јане Сандански“, каде се одвива имунизацијата со оваа вакцина, досега се вакцинирани 116 лица, а до крајот на денот да бидат вакцинирани околу 180 лица.

„Вакцинацијата ќе се одвива во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром каде вакциналните пунктови ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, од понеделник до сабота“, стои во соопштението.

Руската вакцина пристигна викендот. На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од оваа вакцина.

Освен во поликлиниката „Јане Сандански“, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт“ каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер“.

Слични содржини