Во текот на следната недела од страна на Министерството за здравство ќе бидат разгледани сите наоди врзани за случајот на родилката од Струга и Д-р. Мухамед Асани, по што ќе се огласат со свој став, истакна на денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
„Јас пред некој ден спомнав што беше напишано во стручниот извештај и апсолутно не сакам да навлегувам во експертиза на колегите во делот на стручниот извештај, меѓутоа не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод којшто е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став“, посочи Филипче.
Меѓудрутот, тој додаде дека целокупниот извештај е јавен документ и нема никаква доверливост, а во однос на контролата повтори дека покрај извештајот постојат и други механизми на контрола на стручната работа.
Доктор Асани од пациенти е обвинет за лекарска грешка