Регистрирани 21 починат од коронавирус, двајца во домашни услови

од Nikola Popovski
186 прегледи

Во последните 24 часа, пријавени се вкупно 21 починати лица, поради компликации со коронавирусот.

Починати се 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). 19 пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Слични содржини