Судијката Софија Лаличиќ, која денеска беше разрешена на седница на Судскиот совет, изјави дека тоа е срамна одлука.
„Разрешена сум спротивно на законите. Дали за ваква бенигна работа за казнување на адвокат за што одлуката е укината на двостепен суд, ако за ваква работа се разрешува судија јас поставувам прашање -тогаш поблагите санкции за што служат“, изјавила таа за ТВ 24.
Претставката за нејзино разрешување ја поднесе адвокатот Асмир Алиспахиќ откако таа го казни со 2 000 евра за напишан статус на социјалните мрежи во која ја нарекува „сваровски судијка“.
За објавените „бомби“ Лаличиќ вели дека од 2015 досега не била повикана во Судскиот совет во однос на оваа околност.
Министерот за правда Бојан Маричиќ пред неколку дена информираше дека досега се донесени одлуки за разрешување на 11 судии.