„Ние сме во нов бран, но прашањето е колку ќе трае. Опасноста од поинтезивно ширње на овој нов сој е голема и затоа треба сериозно да се сфати ситуацијата. Се бориме против антиваксерите, но и против оние што не веруваат во она што ни се случува секојдневно. Не знам дали остана некој дом што немал искуство со Ковид-19“, вели директорката на Инфективната клиника и член на Комисијата за заразни болести, Милена Стевановиќ за емисијата „Вин вин“.
Таа вели ширењето на брзите тестови и во трафика можеби звучи едноставно, но не е сигурна колку ефект ќе имаат сознанијата за евентуалниот позитивен резултат кај граѓаните.
„Сметам дека организирано системско тестирање преку фирмите е поефикасно отколку самостојното тестирање по дома“, појасни Стевановиќ