Пандемијата на коронавирус има големо влијание врз спортот, а во моментот има малку настани што гледачите можат да ги следат од трибините.
Еден од ретките е фудбалскиот шампионат на Русија, каде што сега и самите клубови започнуваат кампања за вакцинирање на навивачите и со тоа им овозможуваат да уживаат во натпреварите на безбеден начин.
Прв го започна тоа Зенит, кој од следниот натпревар со Ахмат од Грозни им нуди на сите заинтересирани навивачи можност да ја примат вакцината „Спутник V“ на „Гаспром Арената“.
Supporters attending our next and all future home matches this season will be able to get their #SputnikV COVID-19 vaccination at the Gazprom Arena
📰 https://t.co/GUVKhhzdQ6 pic.twitter.com/QdgzUMjPYw
— FC Zenit in English✨ (@fczenit_en) March 11, 2021
Постапката е прилично едноставна, така што на обожавателите им треба само здравствена книшка и пасош или лична карта, проследено со лекарски преглед и вакцинација, па сè би било готово за само 15 минути.
Самата вакцинација започнува околу два часа пред почетокот на секој натпревар, а Зенит се надева дека на овој начин ќе анимира што повеќе поддржувачи за да се вакцинираат и да добијат имунитет.