Министерството за здравство пријави 20 нови починати лица како последица на коронавирусот.
Тие се на возраст од 50 – 93 години.
Девет пациенти се од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани.
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од почетокот на корона-кризата во државава починаа вкупно 3.300 лица.