МВР: Вкупно 186 санкции за возачи во изминатото деноноќие во Скопје

131 прегледи

Во текот на вчерашниот ден на територијата на главниот град изречени се вкупно 186 санкции, од кои 68 за непочитување на брзината за движење, а 14 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас.

Како што соопшти МВР изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 43 за непрописно паркирани возила.

МВР најавува засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини