Нови 19 лица ја загубија битката со коронавирусот

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќие нови 19 лица ја загубија битката со коронавирусот.

Починатите лица се на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово.

18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.

Слични содржини