Захариева: Нема сомнение дека местото на С. Македонија е во ЕУ и сите го сакаме тоа

од Nikola Popovski
352 прегледи

„Кога шетам низ моето родно место Пазарџик, десетици луѓе ме запираат и ме прашуваат не само за внатрешната, туку и за надворешната политика, на пример, за нашата позиција во однос на Република Северна Македонија“, изјавила во интервју за бугарски медиуми, тамошната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Според неа, таа сака да ги покани „колегите од владата во Скопје да го слушнат мислењето на народот“.

„Бугарите ги прифаќаат соседите од С. Македонија како најблиски, но постојано не потсетуваат дека нема да прифаќаат компромиси со нивната државна доктрина заснована на омраза кон Бугарија и нашиот народ. Јас сум оптимист дека наскоро ќе дојде моментот во нашата врска кога ќе престанеме да ја користиме нашата заедничка историја за пропаганда и заедно ќе гледаме напред. Нема сомнение дека местото на Република Северна Македонија е во Европската унија, а сите го сакаме тоа“, рече Захариева во интервјуто.

Слични содржини