254
Владејачката СДСМ во своето денешно соопштение, се обиде да посочи дека Мицкоски кој е на чело со ВМРО ДПМНЕ, се обидува да го одбрани Орце, додека неговите хипотеки се големи кон Камчев. Исто така, велат дека Мекинковски кој е правен застапник на Камчев е човек на Мицкоски.
„Христијан Мицкоски побрза да го одбрани Орце, големи се хипотеките негови кон Камчев.
Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО….
За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му се оддолжува сега со дрвен адвокат?
Заев не го постави Менкиноски за претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за преговарач за ЈО. Не го праќаше Заев на партиски пресови да шири лажни вести туку Мицкоски.
Провиден и нервозен е Мицкоски, соочен со реалноста дека не му успеа да го одбрани криминалот на режимот.
Слабо Мицкоски, можеш ти и повеќе за твојот тајкун Камчев, сети се, токму ти се бореше да паднат предметите од Специјалното јавно обвинителство ама не успеа“, се вели во соопштението на СДСМ.