Експерти на СЗО се состануваат утре поради вакцината на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Експерти од Светската здравствена организација за вакцини ќе се состанат утре за да разговараат за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирусот, најави денеска директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус.

„Стручната советничка група на СЗО за имунизација ги разгледа податоците и е во близок контакт со Европската агенција за лекови. Ќе се состанеме утре“, рече Гебрејезус на прес-конференција.

По извештаите за несакани ефекти, вакцината на „АстраЗенека“ беше привремено забранета денес од страна на Италија, Германија и Франција.

Слични содржини