Артан Груби, првиот вицепремиер на државава за „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека премиерот Зоран Заев му ветил дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци.
Ова доаѓа по реакциите и од албанска и од македонска страна на неговото присуство на одбележувањето на 40-годишнината од основањето на Специјалната aнтитерористичка eдиница.
„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, истакна Груби.