Кина ја одобри петтата вакцина против Ковид 19

198 прегледи

Кина денес ја одобри петтата вакцина за итна употреба против вирусот корона.

Одобрението е објавено од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките.

Конечната фаза на клинички испитувања е во тек и нема достапни податоци за безбедноста или ефикасноста на вакцината.

Оваа вакцина се дава во три дози, со разлика од еден месец.

Како и другите кинески вакцини, може да се чува на нормални температури во фрижидер.

Слични содржини