175
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села е позитивен на Ковид-19. Тој на својот Фејсбук профил објави дека се чувствува добро.
„Драги пријатели. Денес направив ПЦР-тест за Ковид-19 и морам да го споделам со вас резултатот од овој тест. Тоа е позитивен. Здравствена состојба е клинички добра, но мора да се почитуваат медицинските протоколи, па морам да се самоизолирам неколку дена. Почитувајте ги мерките, заштитете се себеси и другите“, објави лидерот на АА.