Мајката на починатото дете може да добие казна затвор од најмалку пет години

од Nikola Popovski
192 прегледи

Основното јавно обвинителство соопшти дека мајката од Гостивар е осомничена поради груба повреда на семејните обврски заради која настапила смрт на нејзиното дете, информираат од основното јавно обвинителство Гостивар, за случајот со вчерашниот пожар во градот.

Од таму додаваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, казниво согласно Кривичниот законик.

„Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот“, велат од ОЈО.

За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години, а во меѓувреме, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот, информират надлежните.

Слични содржини