Вчера министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е разрешен директорот на струшката болница Мухамед Асани, а случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник дополнително ќе го анализира Комисија во состав од 5 членови.
Асани вчера преку својот Фејсбук профил се огласи пишувајќи дека треба да знаат дека во тек на неговата работа во случајот со родилката немало ниту една грешка.
-После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката.Сакам да нагласам дека гинекологот НЕ ВАДИ БУБРЕГ. Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина, пишува гинекологот.
Асани во објавата наведува дека досега не се изјаснувал на темава бидејќи совеста му била чиста, но сфатил дека јавноста погрешно е информирана и лошо е сфатен целиот случај.
-Ја разбирам болката на семејството, но треба да знаат дека во тек на мојата работа немало ниту една грешка.Мојата совест е многу мирна, зашто уште еднаш потенцирам дека цело време сум бил професионален и посветен во мојата работа. Ова може да го потврдат илјадници пациенти во мојата 30 годишна кариера, кои и ден денеска ми се заблагодаруваат секогаш кога ќе се сретнеме, пишува Асани.
Deri më sot kam heshtur, jo se nuk kisha ç’të thoja dhe as se nuk e kisha ndërgjegjen e qetë, siç mund të kenë menduar…
Posted by Muhamed Asani on Wednesday, 17 March 2021