Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување на првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.