Европа и САД прво ги игнорираа предупредувањата за многу заразна болест, а подоцна многу бавно воспоставија рестриктивни мерки.
Мерките вклучуваа задолжително носење маски и слаба финансиска поддршка за милиони кои се бореа да преживеат за време на заклучувањето.
Бидејќи вирусот доаѓа од Кина, а не од Запад, западните земји веруваа дека нема да влијае на нив на ист начин и дека ќе можат да добијат имунитет на пандемијата преку софистициран бирократски состав. Секако, не им успеа, пишува „Гардијан“
Оваа година, истите тие земји успеаја да се надминат себеси во делувањето на меѓународната политичка сцена. Тие започнаа да складираат вакцини и почнаа да ги „перат рацете“ од каква било одговорност за понатамошно ширење на пандемијата.
Најдобрите вакцини одат во најбогатите земји
Богатите земји со 14% од светската популација обезбедија 53% од најдобрите вакцини. Скоро сите вакцини од Фајзер и Бајонтек ќе завршат во богатите земји. Истото важи и за оние на компанијата Модерна, кои не постојат во сиромашните земји. Всушност, девет од 10 лица во сиромашните земји нема да можат воопшто да се вакцинираат.
Вашингтон практично „спие“ на вакцини, осигурувајќи се дека никој нема да ги прими се додека има побарувачка во САД. Европската унија извезува 34 милиони дози во оние земји кои всушност немаат проблеми со набавка или плаќање – во Сингапур, Саудиска Арабија и Хонг Конг. Таа дури испрати околу девет милиони дози во Велика Британија, земја која повеќе не е во Европската унија и која постојано спроведува сопствена забрана за извоз на вакцини.
Голем профит
Претставниците на Модерна веројатно не им пречат премногу сстрадањата во сиромашните области до кои не стигнуваат вакцините. Имено, се проценува дека компанијата годинава ќе продаде вакцини вредни над 18 милијарди долари. Ниту Фајзер не работи лошо; и тој очекува профит од 15 милијарди долари во 2021 година.
Јужна Африка, земја со најголем број заразени на тој континент, купува вакцини „АстраЗенека“ за скоро два и пол пати поголема цена од таа во Европа. Францускиот огранок на АстраЗенека пред новинарите во ноември 2020 година изјави дека ќе ја ограничи цената по доза на 2,50 евра, но европските земји успеаја да ја набават вакцината по пониска цена, а африканските по многу повисока цена.
Канада купи повеќе дози по глава на жител од сите други земји; доволно е да се вакцинираат секој од своите граѓани пет пати. Вкупно 300 милиони дози се дадени на целиот африкански континент, каде што живеат 1,3 милијарди луѓе. На крајот на јануари беа доставени само 25 вакцини во цела субсахарска Африка.
Израел се снајде
Израел администрираше повеќе од 150.000 дози на почетокот на оваа година, што го прави водечка програма за вакцинација во светот; со услов дека е интересно што тој не вакцинирал делот од окупираниот палестински народ. На прашање од израелскиот министер за здравство, тој одговори дека немаат законска обврска да ги вакцинираат Палестинците. Таквата изјава е премногу глупава и сурова, наведува „Гардијан“ и додава дека секоја држава има одговорност кон окупираната територија или народ. Израел има намера да го донира својот вишок залихи на Модерна вакцини на земјите што ги префрлија своите канцеларии во Ерусалим, како што се Унгарија, Чешка и Хондурас и да им дозволат на Палестинците да управуваат самостојно.
Кина и Русија – поинаков пристап
Додека западните земји напорно работеа на себично складирање, Кина и Русија практикуваа администрација на вакцини. Кина понуди бесплатни дози на 13 земји, а обете земји испорачаа повеќе од 800 милиони дози во 41 земја. Никој не тврди дека тоа го прават чисто од добро срце, но оваа ситуација јасно укажува на претстојната промена во светскиот поредок на моќта.
Значи, Кина и Русија имаат 800 милиони дози, а ЕУ 34. Соединетите држави и Велика Британија не им дадоа ништо на другите земји. Таквиот маскиран национализам во однос на вакцините непоправливо му штети на Западот и ги разоткрива неговите лицемерни тврдења за дарежливост и грижа за глобалното здравје.
Војниците во САД ја одбиваат вакцината
Ковид-19 ни даде нови примери: Виетнам, Нов Зеланд, Исланд, Руанда. Овие помали држави, од кои некои се сиромашни, успеаја да го заштитат своето население.
До јули 2020 година, Виетнам, земја со 97 милиони жители, беше најголемата земја во светот што немала ниту една смрт од коронавирус. До ноември 2020 година, има регистрирано нешто повеќе од 1.000 случаи на инфекција.
Од друга страна, една година по почетокот на пандемијата, половина милион Американци починаа од Ковид-19. Значи, повеќе американски граѓани починаа од коронавирус отколку што загинаа во Првата и Втората светска војна и во Виетнамската војна заедно.
Една третина од американскиот воен персонал одби да се вакцинира против Ковид-19. Иронично е што воената организација која не се сомневаше при правење оружје за масовно уништување сега е скептична во однос на вакцината. Истата организација што немаше големи проблеми со бруталноста во затворите Абу Граиб и Гвантанамо сега е парализирана од етичките дилеми за анти-ваксерите.
Токму хиперкапиталистите ја проширија оваа чума, а потоа се збогатија со вакцини. Сега тие ќе ги осигурат своите најблиски и ќе бидат први во редот за најдобри вакцини – кои честопати дури и не сакаат да ги примаат. И сиромашните кои се бореа да преживеат за време на континуираните блокади ќе чекаат во ред и ќе умрат. Ковид-19 разби многу наши соништа, се надеваме дека ќе го уништи и скршеното скеле на нашата морална имагинација, заклучува „Градијан“.