Пиоли по поразот го пцуеше Солскјер – ja спомна и неговата сестра (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Екипата на италијански Милан не успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Европа откако англиски Манчестер Јунајтед ги совлада со минимален резултат, кој заедно со претходниот дуел издвојува триумф со конечни 1:2 во корист на „ѓаволите“. Можеби Милан заслужи да помине, тие не беа инфериорни, имаа резултат што ги водеше понатаму, Погба им ги сруши соништата по грешката на Меите. И како што налагаат непишаните правила, поразот треба да се прифати и да му се честита на противникот, но тоа не е случај со тренерот на Милан, Стефан Пиоли.

На крајот од мечот, првиот човек на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се приближи до Пиоли и му рече дека Милан е навистина добар тим, а изнервираниот тренер на домашниот тим го пцуеше.

Дури и сестрата беше спомената со навредливи реченици, Солскјер го доби епитетот „coglione“ што е навреда, а сè беше снимено од микрофоните.

Јасно е дека Пиоли се изнервирал од елиминацијата, но ваквите зборови сигурно не се соодветни.

Слични содржини