Пиоли призна за Премиер лигата: Учам англиски и сакам да испробам нов предизвик

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, откри дека почнал да учи англиски и се надева дека ќе води тим од странство.

„Учам англиски и сакам да испробам нов предизвик во странство. Премиер лигата, се разбира, може да биде навистина добра и привлечна можност“, изјави Пиоли, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

Пиоли синоќа за последен пат беше на чело на Милан во ремито 3-3 на домашен терен против Салернитана во последното коло од Серија „А“.

Милан го раскина договорот со Пиоли, кој беше со важност до крајот на јуни 2025. Стручњакот го водеше Милан од октомври 2019 година, а во сезоната 2021/22 тимот под негово водство ја освои италијанската титула.

По последниот судиски свиреж на мечот со Салернитана, Пиоли, како и играчите Оливие Жиру и Симон Кјаер, кои исто така заминуваат, се разделија со миланската публика.

„Заедно губевме и страдавме. Заедно победувавме и се радувавме. Останува она што го чувствувавме. Запаливте оган во моето срце и нема да згасне, никогаш нема да ве заборавам. Ви благодарам“, им се обрати Пиоли на навивачите по натпреварот.

Слични содржини