Д-р Петличковски објасни колку пати е позаразен британскиот сој отколку првичната варијанта на Ковид-19

од Nikola Popovski
326 прегледи

„Мислам дека низ бројки доминацијата кај британскиот сој е потврдена кај нас, бидејќи повеќе од 60-70 проценти од сите секвенционирани геноми одговараат на британскиот вид. Повеќе циркулира сега британскиот вид“, вели директорот на Институтот на имунобиологија, д-р Александар Петличковски за емисијата „360“.

Според него, мутациите и варијантите на вирусот не се нешто чудно.

„Ако сега во една просторија се најдат една заразена индивидуа и неколку незаразени, процентот на инфицирани може да биде повисок, 6 или 7 од тие ќе бидат заразени, отколку 3 кои би биле заразени пред три до четири месеци, се разбира доколку не носат маски и не почитуваат дистанца“, објасни Петличковски.

Слични содржини