Не можам да имам коментар на толку чувствителна тема, сè додека не добијам повик од Обвинителството и не добијам црно на бело обвинение дека таа ме обвинила за такво нешто“, изјави за „Нова.рс“ актерот Бранислав Лечиќ по сознанијата на порталот дека актерката Данијела Штајнфелд пред Вишото јавно обвинителство изјавила дека била силувана од актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија, Бранислав Лечиќ.
Штајнфелд се појави во Вишото јавно обвинителство во Белград пред неколку дена, на покана на обвинителката да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборуваше за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее.
Како што дознава порталот Нова.рс, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криеше од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, изјавувајќи дека тој ја напастувал пред неколку години, додека таа работела на проект со него.
По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде поканет да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.
Во претходната изјава дадена пред обвинителот, актерката не даде никакви детали што укажуваат на потенцијалниот сторител. Таа тогаш рече дека тој е „многу моќен човек“ кој постојано се појавува во јавноста.