Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека не е изненаден од падот на американскиот претседател Џо Бајден кога се искачуваше по скалите на претседателскиот авион и навести дека менталната состојба на Бајден е таква што тој не знае ни какви документи потпишува.
Во интервју за „Њузмакс“, Трамп делумно направи паралели помеѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.
– Нешто се случува, нешто лудо. Ова што се случува е лудо и човек се прашува дали воопшто ги разбира сите работи што ги потпишува. Ова е полошо од најлошите моменти на Берни Сандерс. Не очекувавме дека е можно вакво нешто. Дури ни Берни Сандерс на стероиди не би го потпишал она што го потпишува ова момче (Бајден) – тврди поранешниот американски претседател.
Trump to Newsmax: The policies that President Biden is signing are like 'Bernie Sanders on steroids.' https://t.co/VlT7z8drtO pic.twitter.com/sOghKzvHIa
— Newsmax (@newsmax) March 23, 2021
Изјавата на Трамп доаѓа откако портпаролката на Белата куќа Џен Псаки инсистираше на крајот на минатата недела дека Бајден е 100 отсто во ред по сопнувањето во петокот, но таа не сакаше да открие дали претседателот бил прегледан од лекар по инцидентот.
Трамп во неколку наврати сугерираше дека нешто се случува со Бајден затоа што тој ги меша зборовите и речениците и често заборава.