Претставници на бугарската влада обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“ во извештај на ЕП за С.Македонија

од Nikola Popovski
403 прегледи

Европратеници од Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи, вклучително и Тања Фајон и Тонино Пицула, како и од Партијата на зелените, Тинеке Стрик, го изменија годишниот извештај за Северна Македонија, во кој претставници на бугарската влада се обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“.

„Во врска со земјата, бугарските власти се повикуваат да се воздржат од такви изјави и покрај тековната изборна кампања во Бугарија“, се вели во извештајот.

Информиран извор појасни за „Хоризонт“ дека станува збор за иницијатива на одделни европратеници, а не за позицијата на цели групи.

Резолуцијата гласи на следниов начин: „Ги осудува неодамнешните провокативни изјави на претставници на бугарската влада за историски прашања што ја засегаат Северна Македонија, што е спротивно на духот на Договорот за добрососедски односи. Ги повикува бугарските власти да се воздржат од такви изјави, и покрај тековната изборна кампања во Бугарија. Го поздравува зрелиот и избалансиран одговор на оваа провокација од страна на владини претставници во Северна Македонија “.

Бугарските европратеници од Социјалистичката група ќе се обидат да ги убедат своите колеги да ги повлечат овие амандмани на утрешниот состанок.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, ќе одржи прес-конференција во четврток, кога на документот ќе се расправа на пленарна седница.

Слични содржини