488
„Ова е документ потпишан од Коце Трајановски со „Флај кам, сопственот на господинот Горан Ѓоргиевски, сопругот на Мила Царовска во 2016 година“, изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“, по обвинувањата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека Град Скопје доделил тендер од еден милион денари на партнерот на министерката Мила Царовска, за вршење на услуги – снимање на зелени површини со дрон.
Шилегов напомена тој договор бил потпишан и пред неговото доаѓање на градоначалничката функција.
„Оваа фирма е една од ретките на македонскиот пазар, што снимаат со дронови, само 2 или 3 се“, дополни Шилегов.