Талевска од Врање: „Што имате – дајте“

од Nikola Popovski
579 прегледи

105 медиумски работници од С. Македонија беа вакцинирани во Институтот за јавно здравје во Врање. Ова беше резултат на барањето на Здружението на новинари на Србија и на Македонската асоцијација на новинари, кое беше усвоено од раководството на Србија, објави „Bizlife“.

Македонските медиумски работници дојдоа организирано во Врање со автобус или автомобил и 105 од нив ја примија првата доза на АстраЗенека.

„Не биравме, кажавме што имате – дајте и ќе бидеме среќни, бидејќи македонската држава и влада за жал не успеаја да обезбедат буквално ниту една доза вакцина за да го заштитат дури и медицинскиот персонал“, изјавила претседателката на Македонска асоцијација на новинари, Ивона Талевска.

„Ова е најквалитетната и најсмислената акција што ја направивме заедно и сигурен сум дека ќе има такви активности во иднина, во врска со безбедноста на новинарите и работничките права на новинарите. Впрочем, само заедно можеме да се избориме за што подобра положба на нашата професија“, рече претседателот на Здружението на српски новинари, Владимир Радомировиќ.

Слични содржини