„Ла Стампа“ обвинува: „АстраЗенека“ во Италија крие 29 милиони дози за Лондон

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ објави дека фармацевтската компанија „АстраЗенека“ чува 29 милиони вакцини за извоз во Велика Британија.

За вестите од Италија, ДПА специјално побара потврда од надлежните европски органи во Брисел и, како што наведува, ги добиле. „Ла Стампа“ наведува дека биле откриени милиони вакцини во еден магацин во близина на градот Анањи во регионот Лацио во централна Италија и дека содржината на магацинот била откриена откако Европската комисија започнала истрага.

„Дер Шпигел“ ја контекстуализира потврдата од ДПА пред само неколку дена дека „АстраЗенека“ уште еднаш ги прилагоди количините на вакцини што има намера да ги испорача во ЕУ, со намалување на бројот на вакцини што има намера да ги снабди.

ДПА откри и дека вакцините ги произведувала „АстраЗенека“ во ЕУ, во фабрика во Холандија. Состојбата со испорака на оваа вакцина до ЕУ е таква што наместо договорените 220 милиони дози, фармацевтската компанија му соопшти на Брисел дека до крајот на оваа година ќе може да испорача само 100 милиони дози.

Слични содржини