Внукот на Ахмети: Лидерот на ДУИ работи за присоединување со СДСМ

од Nikola Popovski
407 прегледи

Заменик-директорот на ЕЛЕМ, внук на Али Ахмети и член на ДУИ, Фатмир Лимани има сериозни забелешки за новото раководство на ДУИ, и ги обвини дека работат за соединување на СДСМ.

Според него, со политиките и постапките на Ахмет, во последните неколку месеци станува јасно дека тој работи во насока за спојување на ДУИ со СДСМ.

„Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри“, рече Лимани во синоќешната емисија „Клик плус“.

Лимани даде оставка пред една недела од сите позиции во ДУИ и се промовираше како независен канидат за градоначалник на Кичево.

„Ќе се кандидирам како независен од многу причини. Актуелниот градоначалник од 2002 година е претседател на партискиот огранок на ДУИ, беше заменик-министер, па директор на пошта. Вршеше и други раководни функции. Потоа стана градоначалник на Осломеј, па градоначалник на Кичево. Како единствен успех во целиот период може да му се смета поплочувањето на улици со бекатон-плочки, но и тоа мора да се провери бидејќи цена по која се набавени и целата зделка се сомнителни. Во истиот овој период, страшно и срамно е што основните училишта се уништени, а меѓу гимназијалците од градот бројот на корисници на дрога и алкохол надминува над 60 отсто“, изјави Лимани пред неколку дена.

Слични содржини