381
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во затвор, се наоѓа во стабилна и задоволителна здравствена состојба, пренесе агенцијата „Интерфакс“.
Неговите соработници претходно изразија загриженост за неговото здравје.
Навални имал лекарски преглед во казнено-поправниот завод во Владимирскиот регион и неговата општа здравствена состојба е добра, објави регионалниот огранок на Руската федерална казнена служба, пренесува ТАСС.
Пријателите на Навални вчера навеле дека се загрижени за влошување на неговата здравствена состојба, а на неговите адвокати не им беше дозволено да го посетуваат затворот.