Џафери не разговара со ВМРО-ДПМНЕ поради нивните ултиматуми: „Проблемот не е во кворумот“

од Nikola Popovski
322 прегледи

На денешниот брифинг со новинарите спикерот Талат Џафери појасни дека немал средба со опозицијата бидејќи имале ултимативни барања. Спикерот вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го дал истиот ултимативен предлог како и координаторот Никола Мицевски во понеделникот, кога тој ги одложи на неодредено време пленарните седници, додека мнозинството не обезбеди кворум.

Џафери вели проблемот не е во кворумот кој не може да го обезбеди власта бидејќи пратениците од мнозинството не доѓаат поради болест, а не поради тоа што се “шетале” некаде.

„Опозициските пратеници се потпишуваат дека се присутни на седница, а не влагаат во сала“, истакна спикерот.

Тој најави повеќе детали во текот на денот за средбата што ја спомена вчера премиерот Заев, а на која би присуствувал и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која ќе се бара начин за одблокирaње на Собранието.

 

Слични содржини