„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да присуствува на седница и да дискутира и да го изгласа петтиот сет економски мерки за справување со економските последици од ковид пандемијата. Помошта е потребна веднаш. Го повикувам парламентарното мнозинство уште денеска да закаже седница и да се донесат законите“, изјави координаторот Никола Мицевски.
Тој вели дека тие не го блокираат Собранието, туку власта треба да се праша зошто овие закони се уште не се изгласани, иако како што рече, биле најавени на почетокот на февруари, а на 19. февруари дошле во Собранието.
Тој рече дека членот 69 став 1 од собранискиот Деловник дава можност за таква седница.
Според Мицевски нема проблем да се утврди дневниот ред со четири точки, бидејќи мнозинството во Собранието го утврдува дневниот ред или пак да се закаже дополнителна 37 седница.
„Неколку пати најавувам дека е потребно да се организираат посебни ковид седници на нкои брзо ќе бидат изгласани законите од здравството и економијата кои се во интерес за спречување и намалување на пандемијата. Деновиве слушам дека седницата е закажана со овие точки, а тоа не е точно“, рече Мицевски.
„Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта“, додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.