Рускиот опозиционер Алексеј Навални ги обвини затворските чувари дека го мачеле лишувајќи го од сон, се наведува во жалбата испратена до руските безбедносни служби, објавена е денес на веб-страницата на Навални.
„Чуварите ме лишуваат од сон, тоа е всушност прибегнување кон тортура лишувајќи ме од сон“, напиша Навални и додаде дека ќе го будат осум пати на ноќ.
Во друго официјално барање до управата на затворот и до канцеларијата на општото обвинителство, Навални, кој претрпе обид да се затруе со нервен агенс минатиот август, бара третман, додека неговите приврзаници тврдат дека неговата здравствена состојба се влошува.
Неговиот бранител Олга Михајлова во четвртокот изјави дека Навални има силни болки во грбот и десното стопало и додаде дека стравува за животот и здравјето на нејзиниот клиент.
Михајлова рече дека засега Навални прима само антиинфламаторни лекови и дека добил некои масти.
Таа додаде дека четири недели залудно се обидувала да пренесе „нормални лекови“ на нејзиниот клиент и да ја прегледа лекар кој не е затвореник.
Навални е во казнена колонија во Покрово, околу 100 километри источно од Москва, каде издржува затворска казна во траење од две и пол години.