Ковид-центри: Вкупно 1 537 позитивни пациенти се лекуваат во болниците

од Берта Китинска
222 прегледи

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупно 621 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Најмногу приеми има на Интерните и хируршки клиники – 35. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 4 и двајца пациенти биле примени на Клиниката да Детска хирургија.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 916 пациенти: во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 96 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 68, а во Куманово 137, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 119, во ковид-центарот во Гостивар 43, а во Струга 14. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 28, Кавадарци 78, а во Гевгелија 25 лица.

Слични содржини