„Првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите треба да се одржат веднаш и без одлагање, а Владата работи тоа да се случи уште на јунскиот самит на Европската унија“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според него, очигледно е дека имавме јасна недвосмислена поддршка од 26 земји членки за текстот на преговарачката рамка и за почеток на преговорите уште минатата година, но треба согласност од сите 27 земји за да може да се усвои текстот и да се одржи првата конференција.
„Резолуцијата за Македонија која вчера беше усвоена во Европскиот парпалемт е јасен сиугнал дека државата и властите испорачале во делот на реформите и сега е на ред Европската уинија да го испрача својот дел од ветеното и договореното“, смета Османи.