Македонските ветеринари ќе се вакцинираат во Србија во недела и понеделник

од Nikola Popovski
260 прегледи

Членовите на Ветеринарната комора објавија дека добиле можност да се вакцинираат во Србија на 28-ми и 29-ти март. За нив има термини за вакцинација во соседството откако за тоа стигнало одобрение од српската влада преку Ветеринарната комора на Србија (ВКС).

„Ве известуваме дека ВКМ во настојување да најде решение за што побрза вакцинација и заштита на своите членови од КОВИД-19, во рамки на одличните односи и меѓусебната соработка со Ветеринарната комора на Србија, потврдена со Договор за соработка потпишан 2017 година, се обрати со барање да посредува до Владата на Република Србија да овозможи вакцинација на наши членови. Денеска, на 26.03.2021 година, од Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија преку ВКС сме известени дека нашите членови може да се вакцинираат во Ниш, со вакцината AstraZeneca, во недела и понеделник 28 и 29 март 2021 година“, стои во соопштението на Ветеринарната комора.

Претседателот на Комората, Томислав Николовски упатува јавна благодарност до претседателот на Ветеринарната комора на Србија, Мишо Коларевиќ за личниот ангажман и до Владата на Република Србија за пријателскиот и хуман гест искажан кон вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во Република Македонија.

Ветеринарите се уште едни во редот кои обезбедија вакцинација во Србија, по дел од новинарите (преку здружението МАН), најавата од Независниот полициски синдикат за полицајците и за бизнисмените преку Стопанската комора.

Слични содржини