СДСМ: Мицкоски нема грижа на совест, дали мислеше на заболените од корона кога одеше во кафеана или теретана?

од Nikola Popovski
345 прегледи

„Христијан Мицкоски од почетокот на кризата со коронавирусот па се до денеска е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните. Мицкоски нема никаква грижа на совест, што постојано ја поткопува борбата против пандемијата, што работи против здравствениот систем. На што мислеше Мицкоски кога одеше во кафана или тераната? Дали тогаш мислеше на забоелните од ковид?“, прашуваат од СДСМ.

Според нив, дали Мицкоски мислел на здравствените работници кога лажел дека нема тестови доволно?

„Или кога ја кочеше помошта за 16 ковид центри низ државата? Кога организираа партиски собири спротивни на сите здравствени протоколи каков пример даваше Мицкоски? Дури и некрофилни кампањи тераше неговата ВМРО-ДПМНЕ, без чувство, без трошка морал. Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека продолжувањето на деструкција покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните.

„Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму. Неговите деструкции се негови порази“, стои во партиското соопштение.