Османи: Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, ги испорачавме сите критериуми

од Nikola Popovski
157 прегледи

Македонија ги испорача сите критериуми и треба да ги почнене преговоите во услови кога 35 проценти од европското законодавство е дел од нашето законодвство, истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Според него, една третина од работата е завршена и се затвориле политичките прашања кои биле пречка.

„Мислам дека овие аргументи и разговорите со бугарската Влада ќе достават доволно предуслови преговорите да почнат веднаш, а Договорот за добрососдство секако е дел од обврските на државата“, додаде Османи.