Премиерот Заев денес присуствуваше на свечената церемонија на која беа промовирани нови 569 полициски службеници од генерацијата 2019-2020 во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.
„Пред сите вас стои една од најблагородните должности – да ги штитите граѓаните, уставот и законите, и да им служите на сите припадници на народите на нашата земја.
Сакам да ви честитам и да ве охрабрам во вашата посветеност на спроведувањето на вашите должности кон граѓаните. Таа мисија да ве исполни со гордост, задоволство и исполнетост и со успех да напредувате во професијата, во хиерархијата и за место во најелитните единици на Министерството за внатрешни работи.
Можностите за напредок ви се отворени и лично од вас ќе зависи како ќе ги искористите овие можности“, вели Заев.